Водоинсталатер пронашол богатство при реновирање на стара вила

Водоинсталатер пронашол богатство при реновирање на стара вила

пред 14 часа

За време на реновирањето на стара вила во Виена, водоинсталатер пронашол метален сандак во подрумот на зградата, во кој било скриено богатство.

Како што пишува австрискиот весник „Хеуте“, сопственикот на вилата почнал да го реновира имотот. Градежните работници кои работеле во подрумските простории и ги вршеле работите на малтерисување и чистење на ѕидовите забележале јаже. Сопственикот не му обрнал ни внимание, што било голема грешка.

Следниот ден, кога водоинсталатерот дошол да си го заврши делот од работата, го забележал сомнителното јаже и најпрво сакал да го извлече од подот, но не можел, па почнал да копа и со лопатата наишол на метална кутија.

Кога го извадил и отворил металниот сандак, имал што да види: во него имало златни монети, главно со ликот на Моцарт, пренесува списанието Феникс.

Според првите проценки, во ковчегот имало околу 30 килограми моцартови монети од чисто злато, пренесува „Хеуте“, наведувајќи дека проценетата вредност на златниците е околу 2,3 милиони евра.

Според австрискиот закон, пронаоѓачот има право на најмалку една третина од заборавеното богатство, а можеби и половина.

Тој се сомнева дека златото било закопано во бетонот пред Втората светска војна.

Share
Scroll to Top