Водоснабдувањето во Битола се стабилизира – Гинов со детали за состојбата (ВИДЕО)

Водоснабдувањето во Битола се стабилизира – Гинов со детали за состојбата (ВИДЕО)

пред 2 часа

По отстранувањето на дефектот, водоснабдителниот систем во Битола постепено се враќа во нормален режим на работа, информира директорот на ЈКП „Водовод“ – Битола, м-р Андреј Гинов.

Гинов посочува дека во моментов резервоарите постепено се полнат, а системот контролирано се стабилизира, со цел да се избегнат нагли промени на притисокот и можноста за појава на хидрауличен удар во водоснабдителната мрежа.

Поради процесот на стабилизација, во одредени делови од градот, особено во повисоките населени места, притисокот сè уште може да биде намален.

„Со постепеното достигнување на потребното ниво во резервоарите, притисокот ќе се стабилизира и ќе се врати на вообичаените вредности“, информира Гинов.

Екипите на ЈКП „Водовод“ – Битола се постојано на терен и континуирано ја следат состојбата со водоснабдителниот систем, со цел негово целосно враќање во нормален режим на работа.

ВИДЕОТО МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

Share
Scroll to Top