Вонземјаните не сакаат да не посетат затоа што не сме им интересни и премногу се интелегентни да губат време со нас, вели астронаут на НАСА

Вонземјаните не сакаат да не посетат затоа што не сме им интересни и премногу се интелегентни да губат време со нас, вели астронаут на НАСА

пред 2 години

Астронаутот на НАСА, Стен Лав, објасни зошто вонземјаните не сакаат да не посетат. Вели дека не сме им биле доволно интересни и дека не сакале да го губат времето со нас.

Во тимот на НАСА се приклучи во 1998 година, а првата мисија ја имал 10 години подоцна, во 2008 година. Во вселената поминал 300 часа, но како што вели досега нема докази и немал можност да се сретне со некои жители од космосот. За светските медиуми рече дека има три причини зошто не сакаат да не посетат.

И покрај тоа што НАСА во моментов и официјално ги истражува необјаснивите појави НЛО, Стен не верува дека вонземјаните се наоѓаат во близина на нашата планета Земја. Неговата прва терија е дека во вселената може да постојат интелегентни вонземјани кои едноставно не сакаат да не посетат.

Неговата прва теорија е дека во вселената можат да постојат интелегентни вонземјани кои едноставно не сакаат да не посетат.

„Можете ли да замислите интелегентен живот кој едноставено не се грижи за технологијата и кој совршено е среќен што може да остане дома и не се чувствува како да треба да гради вселенски бродови“, рече Стен.

Тој верува дека постојат вонземјани, а како објаснување за причината зошто не сакаат или не можат да не посетат ги спомна делфините.

„Делфините се прилично паметни, не можеме да комуницираме со нив, ниту да ги разбереме и некако во целост да се поврземе со нив. Така е и со сигналите кои ги испраќаат вонземјаните, кои можеби се многу почести отколку што мислиме, но едноставно не можеме да ги препознаеме затоа што ни се страни и се различни од нашите“, објасни Стен.

Неговата втора теорија е дека постои можност вселената да ги истребила пред да успеат да дојдат до нас. Третата теорија е дека постојат вонземјани далеку поинтелегентни од нас и дека не сакаат да губат време да не посетат и да не запознаат.

„Цивилизацијата која може совлада таква енергија веројатно нема никаква врска со нас. Претпоставувам дека би биле интересни само од научна гледна точка. Тоа е предмет на многу дебати“, рече Стен.

НАСА и вселенските агенции ширум светот ќе продолжат да бараат знаци на вонземјански живот, дури и докази за нивно постоење, а астронаутот Стен верува дека допрва ќе најдеме вонземјани ако испратат радио сигнали кои ќе можеме да ги откриеме.

Share
Scroll to Top