Во Белград се снимаше сценскиот настап на Васил како резервна варијанта за Евровизија

Во Белград се снимаше сценскиот настап на Васил како резервна варијанта за Евровизија

пред 2 месеци

Тим на Македонската Радио Телевизија во соработка со Радио Телевизија Србија изминатите денови го снимаа сценскиот настап за евровизиската песна Here I Stand, со која Васил Гарванлиев треба да настапи во мај во Ротердам, во случај ако е оневозможено присуство на делегацијата.

Настапите и за Македонија и за Србија беа реализирани во едно од студијата на Радио телевизија Србија на Кошутњак во Белград.

Во моментов Европска радиодифузна унија, фокусот го има на реализација на сценариото Б, што подразбира одржување на Евровизија во мај во Ротердам, со присуство на делегациите, но со примена на мерки за социјална дистанца и други протоколи за заштита од ковид 19.

Песната „Here I Stand“ е авторско дело на Васил, а зад продукцијата и аранжманот стојат Борче Кузмановски и Давор Јордановски. Снимена е во студиото „Frames“ во Скопје, со симфониски оркестар во живо. Васил неодамна објави тизер, на кој може да се слушне дел од песната.

Во тизерот се слушаат и придружните вокали, кои се снимени во Чикако, од страна на поранешни членови на Детскиот Хор на Чикаго, каде и самиот Васил членувал како дете.

Официјалната промоција на песната е закажана за 11 март.

Share

KissAnime gogoanime tv kissanime: Watch A Silent Voice Episode Full (https://kissanimeonline.com/m/8Qzj/ep-1)

WCOStream wcostream one piece: Watch Attack on Titan Season 3 (Dub) Episode 6

Scroll to Top