Во Бордо стигна виното кое помина неколку месеци во вселената

Во Бордо стигна виното кое помина неколку месеци во вселената

пред 2 години

Вкупно 12 шишиња француско вино и 320 примероци винова лоза, се вратија во Бордо, на југозападот во Франција, по неколку месеци престој во Меѓународната вселенса станица, во рамки на еден научен експеримент.

Виното на 13. јануари било вратено на Земјата, како и пермероците од лозата од кои се прават познатите вина „Мерло“ и „Каберне Совињон“.

Шишињата потоа биле префрлени во Бордо, каде биле споредени со останатите вина, кои на Земјата имале исти услови на козервација, како и во вселената.

Истражувачот Никола Гом, изјавил дека тоа е првата програма која има за цел да го истражува вселенското опкружување, како би се одговорило на предизвиците на земјоделството во иднина, кое би се одвивало на топлата Земја и со се помалку вода за пиење.

Шишињата вина во Меѓународната вселенска станица, биле складирани и чувани во исти услови како и на Земјата. Единствената разлика е што во вселената нема гравитација.

„Кога во Меѓународната вселенска станица ќе се создадат истите услови како и на Земјата, единствената разлика останува во нулта гравитацијата. Затоа животот на станицата може да предизвика огромен стрес“, изјавил Гом.

Според неговите зборови, билките кои ќе бидат изложени на новите околности, би можеле да развијат поголема оптпорност на некои појави, како што се климатските промени на Земјата.

„Тоа што го научивме во винската индустрија, го планираме да го развиеме во другите земјоделски полиња“, додал Гом.

Share
Scroll to Top