Гранада во Шпанија е најевтиниот град за одмор во Европа, пишува сајтот за патувања „Омнио“. Сместен во јужниот дел на земјата, овој град е лесно пристапен и идеален за луѓето кои патуваат со ограничен буџет.
„Омнио“ избра 100 најпопуларни дестинации за патување низ Европа, а како најзначаен фактор ја зел цената. Градовите биле рангирани врз основа на бројот на бесплатни атракции, пристапност на локален превоз, цена на храната и пијалаците.
Гранада дава можност за дури 112 бесплатни активности, а тоа вклучува и посета на 10 бесплатни музеи. Пивото во повеќето барови не е поскапо од 2 евра, а туристички разглед на градот е околу 6 евра. Автобускиот билет е еден од најевтините во Европа и чини 1,40 евра.
Гранада е позната и по бројните фонтани, а во градот има дури 143 јавни фонтани.
Тврдината Алхамбра е главната туристичка атракција. Изградена е како ѕидана цитадела, а потоа станала луксузна резиденција на Насридскиот емир. Една од историските атракции во Гранада е катедралата, импозантната градежна структура со готски, ренесансни и барокни елементи на архитектура чие градење траело повеќе од 180 години.

Гранада неодамна била поврзана со поголем дел градови во Шпанија со нов и брз воз. Патниците можат да тргнат од Мадрид и да стигнат во овој андалузиски град за три часа или четири часа од Севилја.
Би можело да ве интересира
(Фото) Мартија Станојковиќ оваа година е матурантка, нејзината мајка објави слика од табло
Ким Џонг-ун нареди сите што се викаат како ќерка му да си ги сменат имињата
Марго Роби стана најплатена глумица во светот
(Видео) Домашен пудинг со јагоди
Актерката Ема Стоун стана мајка
Панчо од ДНК: Одете си од оваа вукојебина
