Во Кина е пуштена во употреба најбрзата интернет-конекција во светот, која има пропустен опсег од 1,2 терабајт во секунда и ги поврзува Пекинг, Вухан и Гуангжу, пренесува „Глобал тајмс“.
Оваа ултрабрза мрежа долга 3.000 километри станува најзначајниот дел од идната интернет-инфраструктура на Кина.
Кина вртоглаво ги зголемува големината и брзината на своите интернет-инсталации.
Како што е наведено, до септември оваа година во земјата се изградени повеќе од 3 милиони станици за 5Г со антени формирајќи ја најголемата мрежна структура во светот.
Текстот Во Кина е пуштена во употреба најбрзата интернет-конекција во светот е превземен од МАКФАКС.