Во Русија развиена технологија со која ќе се реконструираат соништата

Во Русија развиена технологија со која ќе се реконструираат соништата

пред 3 години

Во Русија е развиена технологија за реконструкција на соништата која ќе им помага на пациентите да се опорават од мозочен удар и коронавирус, изјави за руската информативна агенција „Новости“ Владимир Конишев, генерален директор на компанијата „Неуроботикс“.

Тој вели дека компанијата создала неврогарнитура која е поврзана со апликација во телефонот или со програма во компјутерот, а ги доловува сигналите на електроенцефалограмот. Таа потоа ги обработува податоците за активноста на мозокот земени од површината на главата и на тој начин добива информации за состојбата на мозокот. Оваа технологија може да се користи и за реконструкција на соништата. Имено, активноста на мозокот продолжува во сон, така што е можно да се препознае каков вид на соништа сонувал човекот.

Оваа технологија може да се примени во многу области, особено што во моментов на пазарот интензивно се нудат невротренинзи за опоравување по коронавирусот.

„Тоа се психолошки тренинзи насочени кон обновување на состојбата на длабока опуштеност, состојба во која организмот добро се опоравува и таквиот ефект се постигнува преку долгогодишно практикување медитација. Проектот може да се искористи и за неврокорекција на деца со аутистичен спектар и други проблеми во развојот“, додава Конишев.

Share
Scroll to Top