Во Токио беше отворен највисокиот облакодер во Јапонија

Во Токио беше отворен највисокиот облакодер во Јапонија

пред 8 месеци

Масивниот имотен комплекс „Азабудаи Хилс“, кој го вклучува новиот највисок јапонски облакодер со 330 метри, официјално беше отворен денеска, а неговиот инвеститор, Компанијата „Мори Билдинг“, се надева дека ќе привлече повеќе од 30 милиони посетители годишно.

Овој „град во град“ треба да прими 20.000 канцелариски работници и 3.500 станари со полн капацитет, се вели во соопштението на јапонската групација за недвижности „Mori Building“.

Комплексот, кој вклучува три облакодери изградени во зелени површини, ќе вклучува и 150 ресторани и продавници, како и нов музеј за дигитална уметност на јапонскиот колектив „TimLab“, кој треба да биде отворен во февруари.

„Азабудаи Хилс“ ја надминува висината на облакодерите во Осака, но не се очекува долго да остане највисоката зграда во земјата, бидејќи Токиската кула висока 390 метри ќе биде завршена во 2027 или 2028 година.

Share
Scroll to Top