Вработена од лондонска ИТ фирма го тужела шефот оти мислела дека „хх“ и „yy “ се шифри за сексуални односи

Вработена од лондонска ИТ фирма го тужела шефот оти мислела дека „хх“ и „yy “ се шифри за сексуални односи

пред 2 години






Карина Гаспарова, вработена во ИТ фирма во Лондон, го тужела својот шеф за сексуално вознемирување, оти верува дека тоа што користел знаци како „хх“ , „yy “ и „???“ во електронската пошта  било код за барање сексуални односи. Гаспарова, исто така, тврди дека кога Александар Гуландрис го преименувал документот со неговите иницијали „АЈГ“, тоа било кратенка од „Огромен полов орган“ (A jumbo genital). Трибуналот за вработување во Централниот суд во Лондон рече дека Гаспарова имала искривена перцепцијата, а нејзините тврдења беа отфрлени. Гаспарова била проект менаџер во лондонската канцеларија на „ессДОЦС,“ компанија која обезбедува „трговски решенија без хартија“. Таа ја тужела фирмата со тврдења за сексуално вознемирување, дискриминација и неправедно отпуштање. Го тужела шефот и дека кога  ѝ рекол „Имајте убава вечер“, бил со тон на додворување, како и дека намерно ја допрел за рака кога посегнал по компјутерскиот маус. Тврдењата на Гаспарова беа наречени искривена перцепција на секојдневните настани и изнесување наводи без докази. Таа мораше да плати 5 илјади фунти за судските трошоци на фирмата.






Share
Scroll to Top