Група вработени во „Мајкрософт“ кои тестираат видеоигри, го формираа првиот синдикат во технолошкиот гигант на територијата на САД. Овој синдикат се вика Американските работници на комуникации Communications Workers of America CWA и е најголемиот во индустријата на видеоигрите.
„Повеќе од 300 вработени од „Зенимакс студио“ се приклучија во новиот синдикат“, соопштија од CWA чие седиште се наоѓа во Мериленд. „Зенимакс“ е една од подружниците на „Мајкрософт“ за видео игри, кои го проверуваат квалитетот на производот. Беше купена во 2021 година за 7, 5 милијарди долари
Високиот тестер на игри, Вејн Дејбери, за „Асошиетед прес“ рече дека кампањата за формирање синдикат започнала уште пред „Мајкрософт“ го преземе „Зенимакс“. Причината била загриженоста на вработените за нивната позиција во високо специјализираните компании за видео игри.
„Во целата индустријата, одделенијата за осигурување на квалитетот се третирани лошо, платите им се многу ниски и се третираат како заменливи запчаници“, рече Дабери, кој помина пет години во „Зенимакс“ во Роквил, во Мериленд, тестирајќи ги игрите Fallout, Prey и The Evil Within.
Од „Мајкрософт“ дадоа целосна поддршката за новоформираниот синдикат и дополнија дека во иднина се надеваат на поддршка од јавноста да ја присвојат уште една голема гејмерска компанија од Калифорнија, Activision Blizzard, која планираат да ја купат за 68,7 милијарди долари.