Гала-новогодишен концерт на Филхармонијата - Reporter.mk

Гала-новогодишен концерт на Филхармонијата – Reporter.mk

пред 2 години

Во четврток ќе се одржи традиционалниот новогодишен гала концерт на оркестрот на Филхармонија под диригентска палка на Миријан Кукунаишвили кој доаѓа од Грузија.

Концерто е насловен „Исток“, а во него ако солисти ќе настапат сопранистката Милена Арсовска и баритонот Иван Наумовски.

„На програмата се дела кои имаат типично новогодишен концепт, а валцерот како музичка форма ќе биде составен дел од овој концерт. Публиката ќе има моженост да чуе дела од Штраус, Чајковски, Лехар, Лумбије, но и посовремени музички толкувања на темата валцер како „Валцерот на Амелија“ на Јан Тирсен од филмот „Чудесната судбина на Амели Пулен“, „Маскарада валс“ на Арам Хачатуријан, „Валцер за збогување“ на Алфред Шнитке и други“, информираат од филхармонија. 

 

Share
Scroll to Top