(Галерија) Василица со популарните арии беше мевлем за публиката, одличен концерт во НОБ

(Галерија) Василица со популарните арии беше мевлем за публиката, одличен концерт во НОБ

пред 5 години

Популарните оперски арии вечеравечер на Василичарски концерт беа  вистински мерак и супер промена откако години наназад на сцената се пееше поп, рок и диско музика.

Овојпат Националната опера и балет звучеше пооинаку. Публиката уживаше, буквално  од почеток до крај на концертот и ја поздрави оваа промена во изборот за традиционалниот концерт.

Од „Камрина Бурана“, пореку „Тоска“, до  „Норма“, „Палјачи“, и „Набуко“,  сосе „Веселата вдовица“ па и  низ , „Сицилијански вечери“ оперските дела чии познати арии беа изведени посетија на некои убави времиња и за миг како да заборавивме на пандемијата заради која скоро две години беа одложени сите музички настани.

На Василичарскиот концерти и овој пат Наде Талевска беше незаменлива со изведба на две арии.  Настапија Злата Тошевска и Сандра Митровска, Ѓорѓи Цуцковски, како и солистите од МОБ Билјана Јосифов, Александар Стефановски, Марјан Јованоски заедно со хорот.

Многу елганција на сцената во комбинација со прекрасни музчики изведби беше она што се случуваше на сцената. Диригираше Бисера Чадловска како и Иван Еминовиќ, а концертот го режираше Дејан Прошев.

 

Фото:  Алекдсандар Томовски, Фејсбук од офцијланта страна на НОБ

Share
Scroll to Top