Вилата во нео-готски стил што некогаш му припаѓала на Марлон Брандо, се продава за 4,3 милиони долари. Изградена е во 1926 година и позната е по својата драматична архитектура. Ја дизајнирал славниот архитект А.Ф.Лејхт.
Вилата, која наликува на замок, е иста како во 1955 година, кога Марлон Брандо се сликал на таванот со голем свод со својот прв Оскар.

Од кулите на домот, кој се наоѓа на Холивуд Хилс, се гледа зајдисонцето над Лос Анџелес, а прозорците од неговите спални соби гледаат кон градот, од Западен Холивуд до центарот на Лос Анџелес.
Вилата се простира на имот од 4.300 квадратни метри и има четири спални соби и пет бањи, а до нив се стигнува преку огромните скали што водат кон дневната соба.













