(Галерија) Дарко и Роберт уживаат во Грција: На одмор со мама и тато

(Галерија) Дарко и Роберт уживаат во Грција: На одмор со мама и тато

пред 3 години

Продуцентот Дарко Димитров е на летување во Сивири, со сопругата Маја и ќерките Мони и Лара. Друштво им прави Роберт Билбилов, со кого Дарко и неговото семејство се многу блиски. Двајцата композитори не кријат дека уживаат во Грција и секојдневно објавуваат фотки од летувањето.

На една од сликите што ги сподели Роберт се Дарко и Маја. „На одмор со мама и тато“, напиша на шега Билбилов.

Не е тајна дека освен што соработуваат, Роберт и Дарко се долгогодишни другари. Неодамна во интервју за „Репортер“, двајцата композитори зборуваа за нивното пријателство. Дарко рече дека од првиот момент кога се запознал со Роберт сакал да му помогне во кариерата, но и дека и тој самиот научил многу од Билбилов.

Роберт, пак, ни раскажа, дека иако Димитров е десет години постар од него, веднаш го прифатил како некој рамен на себе, а со текот на времето соработката прераснала во вистинско другарство.

Share
Scroll to Top