Првиот натпревар на македонските фудбалери на Европското првенство се гледаше со многу емоции, песни и гласно навивање. Нема кој не им даде поддршка зашто ова е прв настап на репрезентативците на едно големо натпреварување. Едни навиваа од трибините во Букурешт, други од дома и од кафулињата. На социјалните мрежи се споделуваа слики и видеа, а фотки објавија и јавните личности.
Во Романија беа Панчо ДНК, пијанистот Симон Трпчески, Пеце Суперхикс. Претседателот Пендаровски натпреварот го гледаше со Дарко Панчев и австрискиот амбасадор, а Хелена Роза навиваше од Нов Зеланд. Еве како навиваа македонските јавни личности.