(Галерија) Емотивни сцени од спасените животни и сопствениците во катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија

(Галерија) Емотивни сцени од спасените животни и сопствениците во катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија

пред 2 години

Во катастрофалниот земјотрес што ги зафати Турција и Сирија, жителите на овие две земји не забораваат на нивните домашни миленици и животни кои го преживеале земјотресот. На социјалните мрежи се споделуваат постојано фотографии најчесто од кучиња кои седат покрај урнатините или пак луѓето ги држат своите миленици во рацете.

Фотографите го фотографирале романскиот спасувач и неговото специјално обучено куче додека присуствуваа на последниот брифинг пред да бидат распоредени во јужна Турција за да им помогнат на локалните власти.

А од Пиза во Тоскана, Италија, тим од околу 50 пожарникари и медицински персонал тргна да им помогне на луѓето погодени од земјотресот на сириско-турската граница.

На интернет се споделува фотографија од мачка во рацете на војник, кој ја извлекол од урнатините и ја спасил.

Хрватска испрати 40 лица специјализирани за урбана потрага и спасување од урнатини и 10 кучиња трагачи во Турција погодена од земјотресот. Меѓу 10-те барани кучиња е и Гизмо, кој веќе учествувал на полињата по загребскиот, Петринскиот и албанскиот земјотрес.

Share
Scroll to Top