Познати личности од јавниот живот вчера беа на отворањето на изложбата „Сè што ни е заедничко“ во Музејот на современа уметност, каде што уметничкиот колектив „Рома Џем Сешн“ промовираа публикација „Морфирање на ромското етикетирање“. Низ групна медитација публиката имаше можност да доживее холистички пристап кон современата историографија и наратив на Ромите во Швајцарија, преку обука за ментална и физичка агилност и стабилност на рамнотежа.
Меѓу гостите ги забележавме актерката Сара Климовска, режисерот Слободан Унковски, Перо Антиќ и Катарина Ивановска, министерката за култура Бисера Костадновска-Стојчевска, Сања Лукревска, Роберт Алаѓозовски и други.
Фото: Музејот на современа уметност