Откако е во мода сликањето со филтри што го менуваат ликот, на новиот светски тренд не му одолеаја ни македонските јавни личности. Фотки со филтрите за разубавување објавуваат и фолк и поп-пејачките, водителките, спортистките, а ни манекенките не останаа покуси. Од Мелита, Лоба и Лила, до Гавазова, Велевска и Сани. Па и Натали и Розман, нема кој не го проба новиот тренд. Ослабени, подмладени, без ниедна брчка, со сменет тен, долги трепки, полни усни, пеги на лицето, на сликите на Инстаграм не личат на себе, често велат нивните следбеници.
„Аздисаа, па дури и малите девојчиња. И сите се убави. Млади, згодни на сликите, а во живо со брчки и буцки“, пишуваат на социјалните мрежи. На Твитер пак на шега велат: „Како се вика тоа чудо што на сликите ве прави да изгледате ко восочни фиигури?“.
И колку што се шегуваат на сметка на оние што се занеле со разубавување оти „скоро секоја слика и видео им е со филтер“, на Твитер не штедат комплименти за оние што се секогаш природни на фотографиите и го покажуваат реалниот лик.
„А што им фали на Каролина, Калиопи, Арнаудова, Ребека.. немаат филери, ни ботокси, ниту мамат со некакви си филтри дека се помлади или поубави од што се. Жени со природна убавина, браво“, стои во коментарите.