Италијанската актерка Моника Белучи важи за една од најубавите жени во светот, со беспрекорен стил, кој е одраз на нејзината елеганција и заводливост. Таа е модна икона на 20.век, која што гордо ги носи своите 56 години.
Актерката освен што ја негува својата убавина, го негува и одржува и својот стил. Во модните комбинации Моника комбинира парчиња од актуелната сезона со безвременската класика.