(Галерија) Синот на Иванов правеше свадба: се венча со седум попови, свиреше рок, па го развиори знамето од Кутлеш

(Галерија) Синот на Иванов правеше свадба: се венча со седум попови, свиреше рок, па го развиори знамето од Кутлеш

пред 1 година

Иван Иванов, синот на поранешниот претседател Ѓеорге Иванов, вчеравечер правеше свадба со неговата сопруга Јана. Свадбата беше во познат скопски хотел. Оние кои биле, велат дека тоа била голема свадба со околу 600 гости.

„Права македонска свадба. Но и комбинација од традиционална и модерна, со забавен дел од музиката. Имаше 600 гости меѓу кои и гости од странство“, ни раскажаа блиски на Иван за „Репортер“.

Иван и Јана првиот танц го играле на песната Wonder Of You од Елвис Присли. А веселбата започнала со традиционалните изворни македонски песни. Бендот на Роки бил за почеток, а потоа свирел Алачки. Кулминацијата на свадбата била со настапот на браќата од „Некст тајм“ кои биле поканети како гости на Иван и не било планирано да запеат, велат блиски на младенците за „Репортер“.

Тие ни открија дека сепак кулминацијата била кога ги отпеале нивните песни „Ја излези Ѓурѓо“, „Кога падна на Пирина“, „Нешто ќе те питам бабо“ и „Најлеј, налеј“. Сите гости пееле како на концерт особено на „Нешто ќе те питам бабо“, кога Иван со кумот и деверот го развиорил знамето со сонцето од Кутлеш. На настапот им се придружила и Маја Иванова која пеела со нив.

„Парот го венчаше архиепископот г.г Стефан во придружба на 6 попви, а во црквата имаше и хор“, велат блиски на младенците за венчавката на Иванов.

Фотосесијата Иван и Јана ја направиле во Музејот на современа уметност.

Освен традиција, не изостана и модерната музика, оти Иван свири на гитара и ја обожава рок музиката, па имал и свое шоу на сопствената свадба.

Тој и сопругата Јана на почетокот на година направија венчавка во потесен круг на роднини и пријатели, а во април го добија нивното прво дете, синот Ѓеорѓе, кој го доби името по неговиот дедо.

Share
Scroll to Top