(Галерија) Јован со семејството: Новогодишна бајка во Канада

(Галерија) Јован со семејството: Новогодишна бајка во Канада

пред 5 месеци

Композиторот и поранешен пејач, Јован Јованов, објави новогодишна фотосесија со сопругата Николина и ќерката Малеа. Фотките во празнична атмосфера го привлекоа вниманието на неговите пријатели, бидејќи Јован ретко споделува слики од ќерката и сопругата на социјалните мрежи. Тие му коментираа дека е среќен што има толку убаво семејство.

„Среќни празници драги пријатели“, напиша Јован, кој веќе неколку години живее во Канада, кајшто денес се слави католичкиот Божик.

Инаку, неодамна за „Репортер“, Јован раскажа дека 2020 била многу успешна година за него. Тој неодамна освои три награди за филмска музика за филмот Petrichor, а тој е номиниран и за наградата „Најдобар продуцент“ на Hollivud Music in Media Awards.

„Огромна чест ми е оти ова е моја прва номинација за продуцент во Америка“, ни откри тогаш Јован.

Јован, кого јавноста го знае и како Џеј Џеј, од Македонија си замина во време кога музиката стагнира. Тој со музика се занимава повеќе од 20 години. Почна со групата „Магија“, преку соло кариерата, па компонираше песни за македонските пејачи. По успехот во Канада, каде што има свое студио, сега планира да го освојува и центарот на музичката индустрија во светот и сака набргу да се пресели со семејството во Лос Анџелес.

Share

ANIMEFLIX animeflix initial d: Kuro Gal ni Natta kara Shinyuu to shitemita. (https://animeflix.nl/m/0e9N) Episode 1

AnimeHeaven animehaven: Watch Dr. Stone (Dub) Episode 21

Scroll to Top