Ракометниот репрезентативец Филип Кузмановски направи голема свадбена веслба со сопругата Моника, откако лани во октомври го склучија граѓанскиот брак во Битола. Сега тие се венчаа во црква, а потоа заминаа на свадбена веселба во еден скопски ресторан под отворено небо.
Оние кои биле на свадбата велат дека за неа уште многу ќе се зборува.
Невестата носеше венчаница која ја прати линијата на телото и е со отворен грб, а Филип избра елегантен костум.
Овој пат, за разлика од венчавката на која беа само најблиските, имало многу гости. Филип (24) и Моника (26) биле особено весели. Меѓу гостите, беа и роакометрите од националниот тим, меѓу кои Дејан Манасков кој и е братучет на невестата , а чест им направил и Стојанче Стоилов.
Филип веќе неколку години настапува за македонската репрезентација и игра на позицијата лев бек. Тој карирата ја почна во „Пелистер“, оттаму се пресели во „Металург“, па играше и за „Еурофарм Работник“. Од оваа сезона Кузмановски е член на тимот на „Магдебург“ во германската бундеслига.
Фото: Инстаграм