Георгина Родригез прошета на црвениот тепих во Париз, луѓето пишуваат: „Изгледаш евтино“

Георгина Родригез прошета на црвениот тепих во Париз, луѓето пишуваат: „Изгледаш евтино“

пред 3 дена

Партнерката на Кристијано Роналдо Георгина Родригез се појави на модната недела во Париз. Таа присуствуваше на модната ревија на Vetements пролет/лето 2025 година. Големото внимание на нејзините фанови, но и на сите присутни го привлече нејзиниот фустан кој предизвика бројни реакции.

Црниот фустан ја следи линијата на телото и има спуштени прерамки, а изработен е од кадифеен материјал. Изгледот го заокружи со тенка висока потпетица и накит – раскошен дијамантски ѓердан, обетки и прстени.

Реакциите за фустанот беа поделени. „Изгледа како божица“, „Многу убава жена и секогаш со стил“, „Таа е легендарна“, напишаа обожавателите кои беа воодушевени од нејзиниот избор на фустан.

Сепак, имаше и такви на кои не им се допадна.

„Навистина ја сакам, но овде изгледа евтино“, „Знае само да го покаже своето тело и ништо друго“, „Ужасна облека, косата изгледа валкано“, напишаа тие.

Share
Scroll to Top