Германска актерка бара помош да пронајде две Македонки кои ги запознала како тинејџерка во Охрид

Германска актерка бара помош да пронајде две Македонки кои ги запознала како тинејџерка во Охрид

пред 2 години

Германската филмска актерка Барбара Сукова ги запознала Зорица и Билјана во 1963 година во Охрид кога се собирала хуманитарна помош за настраданите во земјотресот во Скопје. Таа вчера на прес конференција во Белград побара помош да ги пронајде

Германската актерката Барбара Сукова  годинава е една од најголемите филмски ѕвезди на меѓународниот филмски фестивал што се одржува во Белград, Србија.

Таа на фестивалот таа ќе го претстави филмот „Далиленд“ во кој ја глуми Гала, сопруга на Салвадор Дали, но она што привлече внимание на јавноста и на српските новинари е повикот да ѝ помогнат да пронајде две жени кои ги запознала во Македонија кога биле деца во далечната 1963 година.

Таа година, глумицата  како тинејџерка со нејзините родители била во Југославија и го посетила Охрид. Таму, вели таа, ги запознала Зорица и Билјана. Таа покажа и нивна фотографија на пресот.
Тогаш во училиштата се собирала хуманитарна помош за настраданите во земјотресот во Скопје, а Зорица и Билјана во знак на благодарност потоа ѝ испратиле послужавник со две шолји за кафе.
„Ги чував и носев секаде со себе. Тие две сега се како мене, во средните седумдесети години. Би сакала повторно да ги видам. Бидејќи не користам социјални мрежи, можеби можете да ми помогнете да ги пронајдам“„, рече акреката, а веста ја пренесе N1 телевизија. 

Фото: Тањуг, Тара Радованивиќ

 

Share
Scroll to Top