Ги носите секој ден? Овие летни обувки можат да предизвикаат осум сериозни проблеми со стапалата

Ги носите секој ден? Овие летни обувки можат да предизвикаат осум сериозни проблеми со стапалата

пред 11 часа

Летото е период кога многумина ги заменуваат затворените чевли со сандали и апостолки. Иако тие овозможуваат стапалата да „дишат“ и се идеални за плажа или секојдневни прошетки, експертите предупредуваат дека нивното секојдневно носење може да предизвика сериозни проблеми со стапалата, зглобовите и ‘рбетот.

Најголемиот проблем е што многу модели немаат доволна потпора за сводот на стапалото и речиси воопшто не ја амортизираат тежината при одење.

Сандалите се добар избор за плажа, базен или кратки прошетки, но не се препорачуваат за спортски активности, физичка работа или движење по нерамен и лизгав терен.

Доколку ги носите почесто, ортопедите советуваат да избирате модели кои имаат:

  • добра потпора за сводот на стапалото;
  • рамен или многу низок потпетик;
  • стабилна потпора по целата должина на стапалото.

Доколку почувствувате непријатност или иритација, не ја игнорирајте – заменете ги со друг, посоодветен модел.

1. Болки во зглобовите

Сандалите и апостолките обезбедуваат многу мала потпора за сводот на стапалото. Поради тоа, товарот неправилно се распределува, што може да предизвика болки во стапалата, колената, колковите и долниот дел од грбот.

2. Плантарен фасциитис

Недостатокот на потпора може да доведе до воспаление на плантарната фасција – сврзното ткиво што се протега по долниот дел од стапалото.

Оваа состојба предизвикува силна болка, особено при првите чекори наутро или по подолг одмор.

3. Чукљеви (Hallux valgus)

Сандалите што се тесни околу прстите можат да го зголемат ризикот од појава на чукљеви.

Овие болни испакнатини кај палецот можат да го отежнат одењето, особено при подолги прошетки.

4. Болка во петицата

Поради недостаток на амортизација, петицата при секој чекор прима поголем удар.

Со текот на времето тоа може да доведе до хронична болка, особено кај луѓе кои долго пешачат.

5. Жулеви

Доколку сандалите не одговараат на стапалото, лесно може да дојде до триење и појава на жулеви.

Ова е особено често ако дел од стапалото излегува надвор од обувката или ако сандалите се премали.

6. Истегнување или превртување на скочниот зглоб

Отворените обувки обезбедуваат помала стабилност.

Поради тоа, ризикот од превртување или истегнување на зглобот е значително поголем, особено ако се носат на нерамен терен или при физичка активност.

7. Исеченици и повреди

Бидејќи прстите и поголем дел од стапалото остануваат незаштитени, тие полесно можат да бидат повредени.

Експертите предупредуваат дека никогаш не треба да се работи во двор, градина или да се извршуваат потешки физички работи во апостолки или сандали.

8. Плускавци и инфекции

Триењето, особено помеѓу прстите, може да предизвика плускавци.

Доколку тие пукнат, постои ризик од бактериска инфекција, особено во топли и влажни услови.

Како да ги заштитите стапалата?

Стручњаците советуваат:

  • сандалите да не бидат единствената обувка што ја носите секој ден;
  • да избирате модели со добра анатомска потпора;
  • да избегнувате долги пешачења во рамни апостолки;
  • да не спортувате и да не работите физички во отворена обувка;
  • веднаш да ги замените сандалите ако предизвикуваат триење, болка или нестабилност.

Иако сандалите се незаменлив избор за летните денови, нивната неправилна или прекумерна употреба може да доведе до сериозни проблеми со стапалата. Затоа е важно да се избере модел што обезбедува добра потпора и да се користи во ситуации за кои навистина е наменет.

Share
Scroll to Top