Глумицата Зара Фитиан, позната по нејзината улога во филмот на „Марвел“ од 2016 година, „Доктор Стрејнџ“, заедно со нејзиниот сопруг Виктор Марке се обвинети за сексално искористување на малолетно лице.
Двајцата се обвинети дека имале секс со 13 годишно девојче, пренесе Nottinghamshire Post. Девојката сега е полнолетна, а тврди дека Фитиан и Марке ја нападнале и сексуално ја искористиле. Според неа, силувањата се случиле во периодот од 2005 до 2008 година.

Таа додава дека имало моменти и кога се снимале.
„Знаев дека не е во ред, но едноставно не знаев како да се извлечам од ситуацијата или што треба да кажам“, им рекла девојката на полицајците.

„Се сеќавам дека се обидов да ја копирам реакцијата на Зарина во тие моменти, затоа што се угледував на неа и се обидував да бидам како неа во секој поглед“, додаде девојката.

И Фитиан и Марке во тие моменти работеле како инструктори во боречки вештини во Велика Британија. Девојката сега тврди дека Фитиан ја замолила да играат една игра „одважи се“, а потоа Марке ја терал на орален секс. Фитиан и Марке ги отфрлија ваквите обвинувања.
Ќе ви се допадне
Би можело да ве интересира
Од Примавера до покривот на светот, Интер му го честиташе 40 роденден на Пандев
Тупак доби ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд
Висечки шатори за кампување меѓу планини, идеја за развој на локален туризам во Шаржа
Ал Пачино со 53 години помладата девојка на вечера во италијански ресторан
Неверување и зинати усти, реакциите на холивудските ѕвезди кога Вил Смит му удри шамар на Крис Рок
Децата ме викаа свиња дебела, нивните навреди ме болат и денес: Сања „Хурикејн“ била жртва на врсничко насилство

