Маж кој ја посетил базиликата Свети Петар се соблече и се качи на олтарот во знак на протест против војната во Украина, рече неименуван извор од Ватикан. Голиот маж на грбот имал испишана порака во која повикува да се спасат децата на Украина, пренесе „Дејли Мејл“.
https://t.co/w36rfEPa9n Naked man protests war in Ukraine at St Peter’s Basilica before Vatican guards take him away https://t.co/NEXyJYMX2B
— UK Search (@UKSearch1) June 2, 2023
Истиот извор тврди дека имал повреди по телото кој самиот си ги нанел. Стражарите на Ватикан го предале неидентификуваниот маж на италијанската полиција. Инцидентот се случил пред затворањето на базиликата вчера попладнето .
Неколку италијански медиуми објавија фотографии кои ги направиле некои од туристите.