Грамофонските плочи се враќаат во мода и касетите се повторно популарни

Грамофонските плочи се враќаат во мода и касетите се повторно популарни

пред 9 месеци

Продажбата на грамофонски плочи во Велика Британија годинава достигна највисоко ново ниво од 1990 година, а касетите се исто така повторно популарни меѓу љубителите на музиката, што го потврдува враќањето на физичките носачи на звук на пазарот.

Продажбата на винил порасна шеснаесетта година по ред, за 11,7 отсто, објави Би-Би-Си, повикувајќи се на податоци од Британската фонографска индустрија (BPI).

Тејлор Свифт со својот албум 1989 (Тејлоровата верзија) е на првото место на листата по бројот на продадени плочи, а на второ место се Ролинг Стоунс со нивниот албум „Hackney Diamonds“.

Продажбата на касети надмина 100.000 примероци четврта година по ред, објави Би-Би-Си.

Share
Scroll to Top