Давид Темелков ќе прави свадба во јуни, 80 сватови доаѓаат од Хрватска во Скопје

Давид Темелков ќе прави свадба во јуни, 80 сватови доаѓаат од Хрватска во Скопје

пред 1 година

Поп-пејачот Давид Темелков на големо се подготвува за свадбата во јуни со својата избраничка Елена Јунг, позната хрватска водителка, која е од Истра.

Иако во план биле две свадби, сепак на крај двојката се реши да прави свадба во Македонија. Венчаницата е купена уште пред пет месеци, открива Елена за хрватската Глорија и на големо течат подготовките.

„Се договоривме нашата свадба да ги обедини Хрватска и Македонија и нашите традиции. На почетокот планот беше едната свадба во Истра, а другата во Македонија, но на крајот сите се договоривме дека ќе биде во Македонија и тоа не беше моја иницијатива, туку од страна на невестата“, открива Давид во интервјуто.

Елена додава дека гостите од Хрватска ќе останат една недела и иако било во план 20 гости, на свадбата ќе дојдат 80.

На прашањето кој ќе им пее на свадбата, Давид вели: „Има една пејачка по име Анета и според мене таа спаѓа во првите три пејачки во светот по вокален квалитет. Таа пее сè што ти сака душата. Ја ценам како уметник. Патиштата ни се вкрстија случајно и ѝ реков: ’Анета, нема да се оженам додека не запееш во нашата свадба. Праша кој е датумот и рече дека ќе ги одложи сите обврски. Има феноменален бенд, а ќе има и неколку мои колеги од Хрватска, па сите ќе пееме по нешто. Репертоарот ќе биде адаптиран за и македонски и хрватски гости. Навистина сакам сите да се чувствуваат задоволни тој ден“.

Нивната љубовна приказна започна во 2015 година, на концертот на Тони Цетински во арената во Пула. Елена, која тогаш беше Мис Истра, по убедување на пријателката отишла на афтер-забава, каде Давор Гариќ ја запознал со Давид. Откогаш почнала љубовта на релација Хрватска -Македонија, секојдневни патувања, истечени пасочи, љубов на далачина…

„Бевме прилично млади, но доста зрели за наши години. Преживеавме секакви работи, спиевме на не знам на колку локации во Загреб, еднаш во стан каде што имаше само кревет и занаетчии што го реновираа станот. Но, Сето тоа поминува, а кога нешто е искрено, ниту една оддалеченост не е доволно голема за да не одвои“, вели Дејвид. Дејвид ја запроси Елена во август 2021 година на неговиот концерт, а сега се подготвуваат за свадба.

Фото: Глорија

Share
Scroll to Top