Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска беше на ифтар на покана од поглаварот на ИВЗ за време на Светиот месец Рамазан. Таа објави и фотографии и се заблагодари за поканата.
“ Честа ми е што сум заедно со вас, на ифтар. Рамазан е и празник кој не потсетува дека сите ние имаме должност да им помагаме на другите, и да не дозволиме неправда и да ја спречиме. Да го даваме најдоброто од себе за да создаваме заедница во која сите сме еднакви. Наша должност е да си служиме и да си помагаме“, вели Арсовска.
И додава : Да ви посакам преостанатите денови од постот за време на Светиот месец Рамазан да ги поминете со членовите на вашите семејства, пријателите и со најблиските, во слога и спокојство, со сите ваши соседи и пријатели, во добро здравје и весел дух создавајќи убави дела и добрини“.