Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски порговори за својот приватен живот и неговиот син Давид, за кој се надева дека еден ден ќе биде горд на него. Даниел за телевзијата „Хепи“ вели дека има многу обврски, но дека секогаш знаел како да најде време и за синот.
„Јас сум човек со многу обврски и приватни и деловни. И затоа морам секогаш да најдам време за работата, но и моето семејство. Морам да успеам, не само заради себе, туку и заради мојот син Давид. Би сакал еден ден тој гордо да каже, ете тоа е мојот татко“, изјавил Кајмакоски.
Даниел неодамна проговори и за својата поранешна сопруга манекенката Кристина Димитриевска. Пејачот се разведе од неа минатата година, по три години брак.
„Јас и Кристина не сме заедно подолго време. Бракоразводната постапка е во тек. Заедно ја донесовме одлуката да се разведеме, зошто знаеме дека тоа е најдобро за нас. Најважно е да бидеме секогаш добри родители на нашето дете“, изјавил Кајмакоски.