Јаков, синот на актерот Драган Спасов Дац стана татако. Сопругата Софија роди девојче, кое ќе се вика Гаиа.
„Добре дојде на планетава внуко моја Гаиа“, рече Дац кој сега е дедо.
Тој и посвети и неколку стихови поезија.
„Секогаш кога ќе се роди некое чедо, земјата станува потешка за околу 3,5 килограми, станува посреќна за илјадници срцебајти, станува помудра, пољубовна поубава, понежна. Така земјата прави рамнотежа со ѕвездата што се раѓа во негова чест. Во тој миг насмевките се зголемуваат на најмалку илијадници усти а планетата благо трепери од нивната моќ. Всушност така планетата се врти, се движи и патува низ непрегледната вселена. Во тој миг мајката се претвора во водопад а таткото во најсилниот вулкан за да го извикаат името на своето чедо кое ја има енергијата на своите предци. Добре дојде на планетава внуко моја Гаиа“, рече Дац.
Синот на Драган Спасов Дац, Јаков лани се ожени со својата девојка Софија. Тие немаа класична свадба туку направија журка на отворено.
За потсетување, Јаков се ожени еден месец откако неговиот татко направи свадба со Весна. Глумецот се венчаше на неговиот 59 роденден. Тогаш, неговата партнерка Весна, со која беше десет години во врска го изненади и му дојде со матичар во кафулето „Трибека“.