Да добиеш награда што го носи името на твојот дедо е голема среќа и реткост: Игор Џамбазов доби признание за животно дело на театарскиот фестивал „5ре“

Да добиеш награда што го носи името на твојот дедо е голема среќа и реткост: Игор Џамбазов доби признание за животно дело на театарскиот фестивал „5ре“

пред 2 години

Македонскиот актер и шоумен, Игор Џамбазов добитник е на актерската награда за животно дело на театарскиот фестивал „5ре“, кој се организира за прв пат во Велес во чест на тетарскиот доаен Петре Прличко.

dobivaj vesti na viber

Џамбазов по повод наградата рече дека има среќа да почувстува нешто ретко што некој го има почувствувано, а тоа е да добиеш награда што го носи името на твојот дедо.

„Вчера ја имав таа среќа да почувствувам нешто што ретко кој го има почувствувано. За да се уверам дека тоа навистина е така, направив интернет-истражување, и не пронајдов таков случај никаде во светот. Да добиеш награда што го носи името на твојот дедо. И плус фестивал што се вика 5-ре, исто како и неговиот уметнички потпис. Незаборавна вечер полна со емоции, многу смеење и солзи радосници. И духовити колеги кои отворањето го направија во стилот на “оскарите”. Ви пожелувам на сите по една ваква ноќ во животот. И добро утро. Одам малку да се порадувам“, рече Џамбазов.

Вестивалот започна вчеравечер и ќе трае во следните десет дена, а на сцената на Велешкиот театар ќе бидат прикажани шест претстави од жанрот комедија.

Share
Scroll to Top