Двајца директори на институти за спортска медицина се обвинети за смртта на фудбалерот Давиде Астори

Двајца директори на институти за спортска медицина се обвинети за смртта на фудбалерот Давиде Астори

пред 9 месеци

Директорите на институтите за спортска медицина во Калјари и Фиренца, Франческо Стањо и Џорџо Галанти, се товарат дека се одговорни за смртта на поранешниот фудбалер на Италија и капитен на Фиорентина, Давиде Астори.

Смртта на Астори остана голема мистерија, а судењето на Стањо и Галанти трае до ден-денес. Обвинителите се убедени дека поради нивна грешка, дошло до прекин на работата на срцето на Астори. Тие имаат докази што укажуваат дека Стањо пред пет години потпишал дека Астори може професионално да се занимава со спорт, иако знаел за неговите проблеми со срцето.

Стањо знаел дека проблемите со срцето на Астори биле предизвикани од постојаните големи физички напори, велат од Обвинителството.

И Галанти исто така е обвинет затоа што во 2016 година дал одобрение дека Астори може да игра иако на прегледот морал да ги забележи срцевите аритмии.

За потсетување, Давиде Астори починал на 4 април 2018 година во сон во хотелот во кој престојувал во пресрет на мечот меѓу Фиорентина и Удинезе. Неговата вдовица Франческа Фиорети редовно ги посетува сите рочишта.

Медиумите сега пишуваат дека таа е во врска со фудбалерот Александар Коларов.


Ќе ви се допадне

Share

Space Battleship Tiramisu Zwei Specials Episode 4

KissAnime - Watch Anime Online Free English Sub & Dub | Kiss Anime

Watch Arifureta: From Commonplace to World's Strongest Episode 2

Watch Haikyuu!!: Riku vs. Kuu Episode 2

Wakelet: https://wakelet.com/@gogoanimebe

Gogoanimebe mystrikingly: https://gogoanimebe.mystrikingly.com/

Scroll to Top