Двајца мажи во американската сојузна држава Џорџија, од продавница украле храна за бебиња во вредност од 26.000 евра, соопшти тамошната полиција.
Службтие во артерсвил ги фатиле како ја напуштаат продавницата на Publix, северно од Атланта, со ранци полни со лименки за храна за бебиња.
„Полицијата го пребарала нивниот автомобил и пронашла уште 662 лименки внатре“, рече полицискиот поручник Грег Спарасио.
Според него, крадците за неколку дена ограбиле голем број продавници, меѓу кои и Publix, Kroger и Walmart, пренесе „Асошиетед Прес“.
Мажите биле приведени во округот Бартоу, под обвинение за кражба во продавница и допринес на деликвенција на малолетник. Со нив била и 16 годишна девојка која исто така е уапсена.
Затворањето на голема фабрика за храна за бебиња во февруари 2021 година и отповикувањето на многу нејзини производи поради загриженоста дека се контаминирани, доведоа до недостиг на храна во Џорџија. Една година подоцна беше дојде до нормално снабдување, пренесе американската агенција.