Два златни прстена на Елвис Присли на аукција овој викенд

Два златни прстена на Елвис Присли на аукција овој викенд

пред 1 месец

Златните прстени на Елвис Присли ќе бидат понудени овој викенд на аукција на ретки предмети кои им припаѓале на познати личности од светот на филмот и музиката. На аукцијата, меѓу другото, ќе биде вклучено и писмо напишано од членот на Бич Бојс, Брајан Вилсон до неговиот колега од бендот и братучед, објави Ројтерс.

Аукциската куќа Krus GWS ќе понуди речиси 400 предмети, вклучително и некои што му припаѓале на Принц, пејачката Алијах, како и наследниците на произведувачката на кафе Абигејл Фолгер, која беше жртва на групното убиство на Чарлс Менсон.

„На оваа аукција ќе има некои парчиња кои имаат силна емотивна вредност за луѓето“, изјави Брижит Крузе, додавајќи дека тоа се лични предмети на познати личности кои прерано не напуштиле.

Share
Scroll to Top