Против познатата турска актерка Хазал Каја е покренато обвинение и се бара затворска казна до 2 години и 4 месеци затоа што актерката на социјалните мрежи јавно го навредувала Муса Орхан, човекот кој ја силуваше девојката Ипек Ер, а која подоцна се самоуби.
Покрај Хазал Каја, парчино се казнети и актерките Езги Мола и Фарах Зејнеп Абдула кои исто така го навредувале силувачот. Ова барање за казна затвор предизвика многу коментари на социјалните мрежи, неверување во јавноста, а актерката која неодамна се породи со второто дете доби поддршка не само од своие колеги туку и од турската јавноста.