Две дојави за бомби на концертот на Девито во „Јане Сандански“ во Скопје

Две дојави за бомби на концертот на Девито во „Јане Сандански“ во Скопје

пред 5 часа

За време на концертот на раперот Давид Љубљеновиќ, попознат по прекарот Девито, што се одржа на 22 ноември во салата „Јане Сандански“ во Скопјe, пристигнале две закани за подметнати бомби.

Од полицијата соопштија дека во 20:51 и 21:17 часот, на линијата 112, биле примени повици за наводно подметнати експлозивни направи во спортската сала „Јане Сандански“ и хотелот до неа.

Полицијата реагирала веднаш, биле извршени сите проверки и било утврдено дека пријавите се лажни. Сè уште се преземаат мерки за расветлување на случајот.

Салата не беше евакуирана за време на концертот.

Share
Scroll to Top