Две сестри двапати се породиле во ист ден

Две сестри двапати се породиле во ист ден

пред 2 години

Тијана Пајчин и нејзината сестра Јована се имаат породено двапати во ист ден. Првиот пат на 4 август во 2021 година, а вториот викендов во саботата. Убавата вест доаѓа од Барајево, а ја раскажа снаата на Тијана, Наталија Пајчин.

„Тијана доби контракции околу четири часот, а се породи утрото околу 7:20 часот. Терминот ѝ беше на крајот на февруари, а нејзината само една година постара сестра Јована доби контрокции околу девет и се породи истиот ден во 12:10 часот попладнето во истата болница. Нејзиниот термин беше на 22 февруари. Двете родија машки деца. Едниот внук се вика Лука, а на Јована синот Вукадин“, рече Наталија.

Додаде и дека во 2021 година исто така двете се породиле во ист ден и ги добиле Лана и Јулија.

„И овој пат сме за во Гинис. И во 2021 година терминот им беше околу седум дена разлика. Тој ден прво во болница отиде Јована, а по неа и Тијана. Да се близначки, па човек да рече дека има некаква божествена сила, но не се. Ова е неверојатно“, додаде Наталија.

Еднинствена разлика е што Јована е девет години во брак и веќе има една постара ќерка.

„Тијана се омажи во 2021, па само двапати се породија во ист ден. Кој знае, ако Тијана се омажеше порано, можеби трипати ќе се породеа во ист ден“, рече Наталија.

 

Share
Scroll to Top