ДЕА имала докази против синот на Бајден уште во февруари

ДЕА имала докази против синот на Бајден уште во февруари

пред 6 месеци

Според пишувањата и извештаите на „НБЦ Њуз“, Американската управа за борба против дрога (ДЕА), имала документи и докази против синот на американскиот кандидат за претседател Џо Бајден, Хантер, уште во февруари оваа година, но не превземала ништо во врска со тоа.

Според извештајот на „НБЦ Њуз“, кој го објавија во саботата, агенцијата „ДЕА“ запленила уште еден лаптоп на синот на демократскиот претседателски кандидат, на почетокот на годината.

На средината на октомври беше објавен текст во кој се наведува дека мејловите се преземени од друг пренослив компјутер, лаптоп, кој му припаѓал на Хантер Бајден.

Во него се наоѓале преписките на Хантер со странски официјални лица, што подразбирало организирање на состаноци со неговиот татко и тогашен потпретседател на САД, Џо Бајден.

Агентите на ДЕА лаптопот го пронашле за време на пребарувањето на канцеларијата на психијатарот и доктор Кит Аблов во Масачусетс, кој е обвинет за сексуален напад.

Лаптопот потоа повторно му е вратен на адвокатот, но не е јасно зошто истиот се појавил во лекарската ординација. „Њујорк пост“, на 15. октомври објави текст кој содржел два имејла кој Вадим Позхарски, највисокиот претставник на украинската компанија „Буризма“, наводно му го испратил на Хантер.

Како што пренесува „Њујорк пост“, во еден од имејловите, тој му се заблагодарува што му договорил состанок со неговиот татко, додека во другиот имејл, Позхарски го прашува Хантер како може тој да ѝ помогне на компанијата „Буризма“ и да го искористи влијанието кое го има врз Џо Бајден.

Претседателот Трамп во неколку наврати остро ги критикуваше медиумите поради пропустите да известуваат за наводното корумпирано делување на Хантер Бајден во Украина, затоа што главните медиуми, освен „Фокс њуз“, ја бојкотираа приказната за можното недолично однесување.

„Твитер“ привремено и ја блокираа.

Share

4Anime gleipnir 4anime: Kuro Gal ni Natta kara Shinyuu to shitemita. (https://4anime.biz/m/wOkP) Episode 1

AnimeDao weathering with you animedao: Naruto (https://animedao.nl/m/oDpE) Episode 220

Scroll to Top