Традиционалното божикно обраќање на кралицата Елизабета Втора, во кое таа емотивно зборуваше за својот покоен сопруг и сочувствуваше со семејствата на кои им недостасуваат најблиските, e најгледаната ТВ-емисија на Божиќ во Велика Британија. Според „Би-би-си“, 8,96 милиони луѓе го гледале празничното обраќање што се емитуваше на „Би-би-си уан“, „Ај-ти-ви“ и „Скај њус“ според рејтинзите во текот на ноќта.
Во својата прва годишна божиќна порака по смртта на принцот Филип, кралицата (95) првпат зборуваше за нејзиниот починат маж.
„Божиќ може да биде тежок за оние кои ги загубиле своите сакани – оваа година особено разбирам зошто“, рече таа во претходно снименото обраќање до нацијата.
Специјалното издание на „Би-би-си“ Strictly Come Dancing Christmas Special и Call the Midwife биле следните две најгледани емисии таа ноќ.