Американската писателка Евангелина Грејс чувала тајна од партнерот повеќе од една деценија и криела од него дека го изневерила неколку дена пред нивната свадба.
Грејс била вљубена во нејзиниот сега веќе поранешен сопруг Џејдан. Но, кога решиле љубовта да ја крунисаат со брак, таа не била подготвена да се смири и да се посвети на семејниот живот. Наместо да му признае таа зазела линија на помал отпор и го изневерила
Имала секс со друг маж во тоалетот во еден бар, само неколку дена пред свадбата, на нејзината моминска вечер.
„Бев ужасната од помислата дека треба да бидеме засекогаш врзани еден за друг, па оттука и мојата желба да го изневерам. Се покажа како многу незрел потег“, призна Грејс.
Рече се сеќава дека била бесна за време на нејзината моминска вечер, бидејќи била сè повеќе свесна за тоа што следува за неколку дена. Испила многу, а додека се враќала од тоалет налетала на непознат маж со кој почнала да разговара. Брзо се нашле во тоалетот и имале интимна врска.
Решила да не му открива на Џејдан и да го премолчи целиот настан. Да се преправа дека ништо не се случило. Не кажала на никому што се случило, пишува „Дејли Мејл“.
„За време на целата церемонија ми се лошеше, чувствував ужасен срам и тоа најмногу кога видов колку е среќен и горд. Едноставно не можев да му го скршам срцето. По нашиот прв бакнеж плачев, но не од среќа, иако му реков дека тоа е причината“, објаснува таа.
Ја чувала тајната со години, додека една од нејзините пријателки Нина не забележала дека е несреќна. Ја принудила да ѝ се довери, па Евангелина ѝ признала што ја мачело со години.
Нина се разочарала и ѝ рекла дека не смее повеќе да манипулира со Џејдан и дека ако нема храброст, тогаш таа ќе мора да му ја каже вистината. Така и се случило. Џејдан по првичниот шок се однесувал како вистински џентлмен, без да каже збор, а потоа само поднел барање за развод и ја замолил да се тргне од неговиот живот, за кој рече дека му го уништила за неколку секунди.
„Мислев дека го штитам со тоа што не му кажав ништо, а потоа сфатив дека со молчењето му го ускратив правото да избере дали сака да биде со мене, без разлика на тоа што го изневерив“, рече Грејс.