Кендис Кејн, Џејми Клејтон, Лаврен Кокс се само некои од имињата од светскиот џет-сет, кои некогаш биле мажи, а денес работат како глумици и манекенки и водат еден сосема нормален живот.
За себе велат дека отсекогаш знаеле дека не се мажи и дека отсекогаш се чувствувале како жени. Низ животот не дозволиле општествените осуди и негативните стереотипи да ги следат и да ја нарушат нивната храброст, цврста волја и талентот. Секоја од нив е остварена личност во професијата со која се занимава.
1. Кендис Кејн
Американската актерка Кендис Кејн е родена во 1971 година на Хаваите. По завршување на средното училиште се преселила во Њујорк, каде вели дека сватила што значи да се биде трансродна личност.
Полот го променила во 1996 година, а благодарение на улогата во серијата „Dirty Sexy Money“, Кендис стана првата трансродна глумица која во играна програма се појавила во ударен термин.
2. Џејми Клејтон
Светскиот модел и актерка, Џејми Клејтон станала популарна во серијата „Sense8“ каде ја толкува една од главните улоги. Минатата година, обожавателите ја гледаа во филмот „Neon Demon“, а наскоро во кината ќе биде прикажан и трилерот „The Snowmen“, каде оствари споредна улога.
3. Лаверн Кокс
Лаверн Кокс како девојче се обидела да изврши самоубиство. Неколку години била жртва на насилство, бидејќи не се однесувала така како што се очекува од едно момче. Во 43-тата година, се најде на престижната листа на 100 највлијателни луѓе, според магазинот „Time“.
Лаверн е првата јавно декларирана трансродна глумица која е наградена со „Еми“ награда. Најпознатата улога ја оствари во серијата „Orange Is the New Black“.
4. Џина Росеро
На една од TED конференциите, Џина Росеро изјави: „Сакам да го дадам најдоброто од себе, за да им помогнам на другите да ја живеат својата вистина, без срам и страв.“ Тогаш и првпат јавно призна дека го променила полот, што беше храбар потег за некој што за живот заработува како супермодел.
Покрај тоа што и понатаму позира пред фото-апаратите, Џина го одржа ветувањето дадено на конференцијата, па ја основаше „Gender Proud“, организацијата наменета за трансродните луѓе.
5. Трејс Лисет
Пред да добие епизодна улога во серијата „Law and Order: Special Victims Unit“, Трејс била фризер и шминкер. Денес, пак, најпозната е по улогите во сериите „Transparent“ и „Blunt Talk“.
6. Инес Рау
Со поддршка од пријателите и семејството, Инес Рау ја започнала комплицираната процедура за промена на полот во шеснаесеттата година. „Никогаш себеси не сум се гледала на ниту еден друг начин, освен како жена.“, изјави девојката која денес чекори по модните писти и ги краси насловните страни на магазините.
Инес е првата трансродна личност која е фотографирана за списанието „Playboy“.
7. Кармен Карера
Ѕвезда на реално шоу, модел, глумица – Кармен Карера умее да плива во светот на шоу-бизнисот. Пред четири години беше иницирана петиција за да се појави на модната ревија на брендот Victoria’s Secret.
Петицијата собра речиси 50.000 потписи, но тоа сепак не беше доволно за Кармен да добие крилја на Victoria’s Secret ангел.
8. Амија Скот
Наскоро ќе биде прикажана втората сезона од серијата „Star“, а со неа на малите екрани ќе се врати и актерката Амија Скот, која е мошне благодарна што добила прилика да работи на тој проект.
„Би сакала луѓето да знаат дека и ние сме како било кој друг човек, дека имаме добро срце и квалитети како и сите останати.“, истакна во едно интервју за трансродните личности.
9. Тричада Петчарат
Уште како мала, Тричада Петчарат знаела дека е девојче. Пред родителите се преправала дека сѐ е во ред и ги криела своите чувства, но во седумнаесеттата година го започнала процесот за промена на полот.
Вели дека после операцијата се чувствувала како одново да е родена. Оттогаш, Тајланѓанката има победено на два избори за убавина. Денес се занимава со манекенство и глума.
10. Клаудија Чариез
Клаудија стана позната по учеството во натпреварувачкото реално шоу „America’s Next Top Model“, а од емисијата беше елиминирана во полуфиналето, бидејќи не е родена како жена. За жал, судскиот процес со партнерот, кого во 2012 година го обвини за насилство, фрли сенка на нејзината манекенска кариера.
Во текот на судењето, испливаа мноштво детали од нивниот заеднички живот кои не се за пофалба, така што во последно време нема многу вести за атрактивната русокоса.