Дејан Матиќ се криел во подрум за време на нападот во Виена

Дејан Матиќ се криел во подрум за време на нападот во Виена

пред 2 месеци

Фолк пејачот Дејан Матиќ вели дека за време на терористичкиот напад кој се случил во Виена, тој со пријателите вечерале во еден ресторан и дека кога ги слушнале пукотниците, веднаш избегале и се сокриле во подрум.

„Добив телефонски повик по кој дознав за нападот. Со пријателите ги следевме социјалните мрежи и во еден момент дознавме дека еден од терористите се приближува во ресторанот во кој ние се наоѓаме. Веднаш со пријателите се симнавме во долгиот дел од ресторанот“, изјавил Матиќ.

Пејачот последните десет години живее и работи во Виена. Неговиот дом се наоѓа на петаесетина километри од центарот на Виена Тој вели дека за време на нападот не бил толку исплашен, затоа што децата не биле со него.

„Тоа е привлечно и мирно место, каде што нема мешано население, за да може да се случи вакво нешто. Затоа бев смирен “, вели Матиќ и објаснува како на крајот успеал да се извлече.

„Чекавме да видиме што ќе се случи, да се смири ситуацијата. Според тоа што го слушнав, тие биле распоредени на шест локации. Му се јавив на еден мој пријател, таксистм кој не успеа да стигне до нас. Имаше многу вооружени полицајци на улиците. Изгледаше како да е воена состојба. Никаде немаше возила освен на автопатот. Мислев дека Виена е последниот град каде може да се случи вакво нешто“, изјавил Матиќ за медиумите.

Share

Watch Peach Boy Riverside Episode Preview at website https://funimationfree.com dragon ball super english dub funimation

The Rising of the Shield Hero (Dub) Episode 25 at website https://kissanimeonline.com kissanime official website

Scroll to Top