„Диор“ под мишка, 120 илјади на уши и 47 илјади евра на рака: Јелена Ѓоковиќ не е толку едноставна како што изгледа

„Диор“ под мишка, 120 илјади на уши и 47 илјади евра на рака: Јелена Ѓоковиќ не е толку едноставна како што изгледа

пред 9 месеци

Јелена Ѓоковиќ е синоним за елеганција и софистицираност, а никогаш не би помислиле дека одредени работи кои ги носи вредат и по неколку десетици илјади евра.

Меѓутоа, деновиве светските медиуми многу пишуваат за нејзините модни комбинации на Вимблдон, а според одредени луѓе, Јелена  се потрудила за својот изглед.

Иако никогаш на лицето нема многу шминка и сака природниот изглед, во последно време неретко се појавува со блескава и дискретна шминка.

Сепак…

Едно од најскапите парчиња кои Јелена ги поседува е часовникот „Audemars Piguet Royal Oak Offshore“, вреден  47 илјади евра.

Овој женски модел на часовник има гумено, бело ремче и бели детали како што се круниа и рамка со 32 дијаманти.

Но, тоа што привлекува најмногу внимание се обетките. Јелена на тоа троши најмногу пари. Едни од најскапите кои ги носела се обетките од брендот „Van Cleef & Arpels“. Цената на овој модел од „Alhambra“ колекцијата достигнува и до 120 илјади долари.

Секое парче е вистинско ремек-дело на мајсторите на занаетот, а во изработката учествуваат само врвни златари кои се занимаваат и со обработка на каменот и полирање.

Во текот на претходните денови на Вимблдон, стилот на Јелена станал една од главните теми.

Модните критичари велат дека иако нејзините модни парчиња изгледаат едноставно, сепак тие чинат вистинско богатство. Само „Диор“ чантата која ја носела Јелена чини 6.500 евра.

Сепак, коментарите на сметка на изгледот на Јелена секогаш одат во иста насока, а тоа е дека е вистинска дама, елегантна и совршена и дека е негувана и убава жена.

Share
Scroll to Top