Директорот на Фондот за иновации Коста Петров ги скрши двете раце откако падна од велосипед

Директорот на Фондот за иновации Коста Петров ги скрши двете раце откако падна од велосипед

пред 3 години

Писателот и директор на Фондот за иновации, Коста Петров, минатиот вкенд ги скрши двете раце откако падна од велосипед на кеј. Со него бил и Петар Георгиевски-Камиказа кој му правел дрштво додека ја чекале брзата помош. Коста  сподели фототографија од Клиниката за траума и ортопедија на својот Фејсбук профил, каде раскажа за несреќата.

“Минатата сабота утринското возење велосипед спектакуларно заврши со скршеници на двете раце. Голема благодарност до сите што ми помогнаа на Кеј и чекаа со мене додека дојде брзата помош, особено Перо Камиказа.. Најголема благодарност до персоналот на Клиниките за траума и ортопедија“, вели Петров.

Порака за побрзо закрпенување доби од Мухамед Зекири и актерот Сашо Ристовски.

 

„Ќе си бидеш дисциплиниран пациент и ќе се вратиш во форма и побрзо од што мислиш“, му пипуваат во пораките на Патров.

Коста Петров е успешен бизнисмен и автор на популарни книги. Беше Пи-ар експерт во Кабинетот на тогашниот министер за здравство, Арбен Таравари, а во август 2019 стана потпретседател на СДСМ. Од лани е директор на Фондот за иновации.

Share
Scroll to Top