Добредојде дома стари, рече син му на Горан Стефановски откако клупата стигна во Скопје по година ипол

Добредојде дома стари, рече син му на Горан Стефановски откако клупата стигна во Скопје по година ипол

пред 3 години

После  година и пол, бронѕената клупа на легендарниот драматург Горан Стефановски  конечно е поставена во скопско Дебар Маало. Клупата е поставена во триаголниот парк спроти кафеаните „Наџак“ и „Идадија“, на истото место каде што пред две години беше засаден и чинар во негова чест.

Поставувањето беше одложено поради пандемијата со Ковид-19, иако беше планирано да биде пристигне од Лондон лани за неговиот роденден.

„Конечно, после една година изработка, долги ковид-месеци во склад, и неколку недели во кутија, сабајлево бронзениот Горан го виде небото над Дебар Маало! За жал, поради новите мерки, нема да има јавен настан за отворањето. Но, сигурно така и требало да биде, бидејќи Горан секогаш се враќаше во Скопје тивко и ненајавено – едноставно си сакаше да се појави (всушност, никогаш не се сметаше за отсутен). Горан би требало да биде поставен на своето место, каде ќе ве чека за седенка и муабет. Кога ќе бидете во можност, отидете да го поздравите. Добредојде дома, стари! Едвај чекам да седнам со тебе пак“, напиша на Фејсбук, неговиот син Игор Стефановски.

Академик Горан Стефановски е роден на 27 април 1952 во Битола , а почина на 27 ноември 2018 на 66 години по кусо боледување во Кентербери, Англија, каде што живееше. Тој е автор на легендарните и популарни драми „Јане Задрогаз“, „Диво месо“, „Лет во место“, „Хај-Фај“, „Дупло дно“, „Тетовирани души“, „Црна дупка“, „Демонот од Дебар Маало“ и на најславната ТВ-серија во историјата на македонската продукција „Бушава азбука“.

Градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ лани изјави дека парите потребни за лиење на клупата во Лондон, општината ги обезбедила преку донации и дека се префрлени на сметката на неговото семејство.

Share
Scroll to Top