Мими Нуне ѕвездата на „Гранд“ и познатиот трубач Филип Нуневски неодамна станаа родители на синот Никола. Пејачката се породи во приватна клиника, а породувањето помина во најдобар ред. Бебето веќе е дома, а двојката се навикнува на новата улога. Филип Нуневски за Репортер ни кажа како се чуствува како татко и колакава среќа им донел Никола.
Мими и Филип Нуневски лани летото правеа свадба за која наголемо се зборуваше оти не само што беше весела туку и невестата пееше, а младоженецот свиреше. Јавноста ја запозна Мими како ѕвезда на „Гранд“, а Филип како трубач на познатиот бенд „Нуне брадрас“.
Во интревју за „Репортер“ тие ни отрија дека свадбената веселба за нив била посебен момент, особено првата свадбена песна која тие ја отпеаја.
„Тоа беше посебен момент. Мими од една страна со микрофонот, јас со трубата од другата страна. Така ја почнавме свадбата, пеевме наша авторска песна. Беше прекрасно“, ни рекоа Мими и Филип. Пред да се земат тие заедно живее две години.