Маестро Симон Трпчески одржа два предновогодишни концерта, по еден во Франција и во Германија, и ја заврши празничната турнеја. Публиката во двете земји не останаа рамнодушни на свирењето на виртуозот на пијано, па Симон го испратија со овации и долг аплауз.
„Одличен оркестарски крај на месецот, пред католичкиот Божиќ. Со Штудгартската филхармонија настапив во Стразбур и Штутгарт, а заедно со маестро Конрад ван Алфен кој е чест посетител на Македонија“, напиша Симон на Твитер.